Centar.mk
ЛОКАЛНО

Долговите за вода повторно ќе може да се платат на рати

JП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите на рати без камата.

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на 22. седница донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. Имено, оваа можност е со определено времетраење, почнувајќи од 4.11.2019 заклучно со 29.11.2019. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

Тие ги повикуваат сите граѓани што имаат долг да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.

Можеби ќе ве интересира

Денови за спорт на младите во општина Илинден

ДЕСК

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК