Иако за време на режимот во 11-те години не видовме здрав штрајк и покрај тоа што платите во образованието беа замрзнати за целиот тој период, СОНК ја одби понудата од актуелната Влада за покачување на платите и најавува штрајк.
Интересна е ваквата чудна одлука на синдикатот, бидејќи платите на наставниците за прв пат по 11 годинишниот хибриден режим кој остави пустош во Македонија, беа зголемени лани за 5 отсто, а потоа уште 5 отсто оваа година, а премиерот Зоран Заев најави дополнително зголемување за уште 10% од април следната година, но и остави простор платите, наместо како за време на режимот, во следните 10 години да не бидат замрзнати, туку постојано да растат.
СОНК планира да штрајкува на 11 ноември, и покрај најавата за покачување на платите. Тие бараат поголемо покачување.
Ваквиот неочекуван заплет, ги вознемири наставниците, но и родителите чии што деца ќе мора да посетуваат настава и во сабота.
Штета ќе имаат само учениците и родителите
Дали наставниците и родителите ќе реагираат на ваквата игра, засега е непознато, но единствени губитници сепак ќе бидат учениците кои наместо да учат во училишните клупи ќе мора да седат дома, а нивните родители ќе мора да најдат начин да се грижат за нив. Доколку штрајкот трае повеќе од 1 ден, тоа ќе значи и огромен трошок за родителите со оглед дека некој ќе мора да ги чува децата дома, но и во следните саботи наместо децата психички да одморат ќе бидат приморани да одат во школо, што ќе значи и финансиска и психичка штета врз најмладите, оние кои утре треба да бидат столбот на државата.
Штрајкови само кога СДСМ е на власт
Најголемите штрајкови во историјата на Македонија се случиле во периодот од 2002-2006 година додека СДСМ беше на власт кога учениците и по десетици денови не одеа во школо поради штрајк. За време на владеењето на режимот на ВМРО ДПМНЕ обидите за штрајкови беа осуетувани, а тогашниот режим лесно се снајде да им најде заменски наставници, на оние кои тогаш сакаа да штрајкуваат. Непопустливоста на режимот на Никола Груевски не само што не им ги покачи платите на наставниците, туку им донесе и страв на вработените во образовниот сектор дека може да останат без работа.