Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зекири до Мисајловски: Ако некогаш се градело, сега се гради, што ви е на вас бе човече

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој гостуваше во Телевизија 24 на дебата со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, побара тој да каже само еден проект кој во целост го реализирала оваа влада.

-Што направивте за овие 3 години на власт? Реформите се прават за граѓаните, вие 3 години што правите?, запраша Мисајловски и додаде:

„Кажете ми едно ветување што сте исполниле. Кажете ми еден километар автопат што вие го имате зацртано, испроектирани, тендерирано и отпочнато со градба- еден километар автопат ве молам кажете ми. Дали знаете 5 инвестиции во овие 3 години што дошле во Македонија, до каде е Клиничкиот центар, до каде е мостот од Влае до Волково што го ветувавте, водоводот од Липково до Куманово, каде е студентскиот град во Скопје- вие ги ветувавте овие работи. Нема да ви контрирам, пофалете се до каде сте, кажете им на граѓаните. Кажете ми само еден проект што е ваш, комплетно ваш, а јас ви гарантирам дека ќе го пофалам. Ќе кажам секоја чест до цела Влада“.

Зекири видно вознемирен и без конкретен одговор му реплициреше:

„Ако некогаш се градело, сега се гради. Што ви е на вас бе човече, што зборуваш бе, што ми зборуваш бе“.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК