13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Талески за ТОП ТЕМА: Со НАТО ќе бидеме темел на безбедноста во регионот

Кога ќе заврши ратификацијата на протоколот во Холандија, Шпанија, Исланд и Франција може да се смета дека ние сме следната 30-та полноправна членка на НАТО. Ратификацијата на членството во НАТО ќе заврши со потпишување на Вашингтонскиот договор во македонското Собранието. – појасни Дане Талески национален координатор за НАТО вечерва во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Не може да станеме членка на НАТО пред Шпанија да го ратификува протоколот, а знаеме во каква внатрешна состојба е Шпанија. Да се надеваме дека тоа нема да ги закочи реформите. – рече Илија Димовски, шеф на парламентарната делегација во НАТО.

Димовски, како и многу пати досега, потенцираше дека соджината на Преспанскиот договор е со катастрофална содржина, но сепак тој се гордее што, како што рече, неговата партија е прва која се залагала за влез во НАТО.

Со одлуката од Брисел која е неправедна и нефер нас ни е направена голема неправда и тоа е факт. Дел од лошите последици ќе успееме да ги надминеме со влезот во НАТО. Со НАТО ќе успееме во рамки на регионот да се позиционираме како темел на безбедноста. – рече Талески.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.