24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија на маса во ноември на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19-ти ноември. Од Владата за Телма потврдија дека и премиерот Заев е поканет во Рим, пренесе телевизија Телма.

Во меѓувреме, францускиот претседател Eмануел Mакрон се очекува да ги посети Aлбанија и Северна Македонија наредниве месеци, пишува албанскиот портал Егзит, повикувајќи се на дипломатски извори во Тирана. Точниот датум се ште не е одреден, но со својата посета, се чини дека Макрон има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива за двете земји е отворена и Франција ќе помогне во остварување на нивната цел, анализира порталот.