24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар на 68,5 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 1 денар на 66,5 денари за литар.

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат на 62 и 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,740 денари на 32,954 денари за килограм.