9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски на трибина во Струга: Ги слушаме граѓаните и работиме за нив, Струга добива нов модерен базен, едриличарскиот клуб повторно ќе се отвори

Претседателот на СДММ Дарко Каевски на трибината „На прав пат“ во Струга го најави почетокот на реконструкцијата на базенот во Струга, кој не работи речиси 20 години.

Започнува процесот на реконструкција на базенот во Струга, кој ќе прерасне во модерен базен, симбол на Струга, во кој ќе се вратат младите, спортистите, истакна Каевски и им се заблагодари на сите Стружани кои помогнале во реализацијата на овој проект

Тој најави дека на крајот на овој месец ќе има свечено отворање на едриличарскиот клуб во Струга, кој неодамна беше опожарен.

Како што ветивме на маалските средби летово, овој месец повторно ќе го отвориме едриличарскиот клуб овде во Струга. Заеднички можеме да направиме многу, бидејќи СДСМ е одговорна, државотворна партија, која ги слуша граѓаните и работи за нив, истакна претседателот на СДММ Дарко Каевски на трибината „На прав пат“ во Струга.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.