10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори со Европската Унија. Според него, би се направила историска грешка ако не им се дозволи на двете земји да ги почнат преговорите.

„Ако биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат, што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија“, рече бугарскиот премиер.

За Борисов не се јасни тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.

„Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината“, истакна Борисов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала

ДЕСК

СДСМ: Насилникот началник мора да одговара кривично, МВР да не ја заташкува работата со внатрешна контрола!

ДЕСК

НОВ ДЕН, НОВ УЖАС: Пукање од автоматско оружје во Тетово, има убиен

ДЕСК