Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“ и против „БМЈ медиа груп“, фирма – сопственик на телевизијата, ќе бидат поднесени кривични пријави, информираше денеска УЈП.
Според Управата за јавни приходи, неправилности во работењето имало и во 1ТВ, но таму немало основа за кривична пријава.
УЈП ги товари трите фирми за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.
Претставници на УЈП биле кај Бојан Јовановски, кој е обвинет за случајот „Рекет“ и е во притвор, но тој одбил да ги прими нивните записници./Makfax