24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Финансиска поддршка за 170 компании преку програмите за економски раст

Владата ја усвои Информацијата за склучување Договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски раст.

За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште.

Финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се доделува за реализирани почетни или дополнителни инвестиции неопходни за дејноста, до 10% од реализираната инвестиција, и не повеќе од 1.000.000 евра. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот за 2019 година.

Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4577 нови работни места, од кои во 2018 година се веќе вработени 2117 лица./Makfax