24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите – членки на Унијата, а во пресрет на Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција, каде ќе бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата./Makfax