24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Пендаровски објави повик за ангажирање надворешен соработник

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави повик за ангажирање лице ‒ надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.

Лицата кои се заинтересирани треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да не се осудувани, да имаат завршено најмалку високо образование на општествените науки, да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт, да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија и евроатлантски интеграции. Да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), како и да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.

Заинтересираните кандидати покрај писмото за интерес е потребно да достават и докази со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство.

Писмата за изразување интерес со документацијата треба да се достават во писмена форма до архивата на Кабинетот на претседателот, на ул.„Ацо Караманов“ бр.33А, Скопје, со назнака „Јавен повик за изразување интерес за ангажирање на надворешен соработник“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавата на овој повик.