14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За само 2 години изградивме 500 километри патишта, нешто што ВМРО-ДПМНЕ не го направи ни за 11 години

Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, Владата предводена од СДСМ вложува во вистински развој на инфраструктурата. Освен решавање на наследените незавршени и згрешени проекти на ВМРО-ДПМНЕ, токму СДСМ и Владата која ја предводи успеа за рекордно време од 2 години да изгради 500 километри патишта во вредност од 540 милиони евра, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Обновени се преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра, а интензивно се работи и на преку 350 километри или околу 40 регионални патишта во изградба.

Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.

Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој беше комплетно згрешен, а во тек е изградбата на 4 експресни патишта во должина од преку 170 километри.

Нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не може да се пофали ниту за 11 години додека беше на власт.

Покрај патиштата, истовремено се работи и на водоводот, канализацијата, гасификацијата, железницата кои воедно се основни потреби на граѓаните, а со години беа игнорирани.

Низ територијата на целата држава, се изградија над 400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи.

Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини.

СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните.“ – се вели во реакцијата.

Спонзорирано: