24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Прентовиќ : Искористеноста на ИПАРД помошта достигнува 50 отсто

На прав пат сме. Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ а резултатот го потврдува тоа.
ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекордно низок процент на неискористеност од околу 20% односно само 12 милиони евра, изјави Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

Според неа, само со еден јавен повик сега, се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.

,,Земјоделците ги препознаваат придобивките што ги нудат ЕУ и европските фондови.
Со мерките од ИПАРД 2 програмата им овозможивме на земјоделците да ја обноват застарената механизација, и за првиот јавeн повик се склчија 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра.

Во овие две години е постигнат значаен напредок во искористеноста на мерките од ИПАРД 2 Програмата. На првиот повик од ИПАРД 2, (2014 – 2020) кој се објави во 2017 година се склучија 947 договори, со кои се побаруваат 22 милиони евра.Исто така на 540 апликанти веќе им се исплатени над 7,3 милиони евра за инвестициите кои ги реализирале.

Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември.Го поттикнуваме рамномерниот рурален развој преку директно обезбедување на средства за земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со спроведување на мерки кои обезбедуваат подобар живот за сите, повеќе пари за секое семејство и развој на најважните гранки во општеството меѓу кои и земјоделството“, се додава во соопштението.