СДСМ за неполни 2 и пол години успеа да направи повеќе од 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Државата тргна на прав пат, се грижиме за сите граѓани, платите и пензиите растат, и обезбедивме праведен систем кој е одржлив ,социјалната реформа креираше сигурност кај граѓаните , истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска пред присутните граѓани на граѓанската трибина „На прав пат“ во Кочани.
-Инвестираме во квалитетот на живеењето на сите граѓани. Нашите реформи се вистински, конкретни и носат повеќе пари во секој семеен буџет. Со социјалната реформа, социјалната помош расте и до 300 отсто, а за оние граѓани кои не стекнале услови за добивање пензија, воведовме социјална пензија, за и тие да имаат средства за живот. Детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе, а образовниот на 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходното. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток. што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно, социјалната реформа е на прав пат – рече Царовска.
Ние сме на вистинскиот пат, правиот пат, помеѓу граѓаните и на страна на граѓаните, заклучи Царовска при обраќањето пред граѓаните на Кочани.