14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на премиерот Заев со египетскиот амбасадор Фатхаллах ел – Далие: По Договорот од Преспа и интеграциските перспективи, отворени се можности за унапредување на економската соработка со Египет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Моајад Фатхаллах ел – Далие, амбасадор на Арапска Република Египет за Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат.

На средбата е констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и отворените интеграциски перспективи и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план, помеѓу Арапска Република Египет и Република Северна Македонија.

Разговарано е за иницијатива за трговски можности во областа на земјоделството, со оглед дека нашата држава има потенцијали во земјоделството, како и за можностите за охрабрување на египетски бизнисмени да инвестираат во нашата земја.

„Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите коишто значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, коишто со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании“, рече премиерот Заев.

На средбата се споделени искуства од Египет за развојот на туризмот и изградбата современа инфраструктура, а разговарано е и за промовирањето на културните вредности.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК