„Северна Македонија и Албанија ги испорачаа потребните реформи, сега е време и земјите членки да одговорат“, повторно апелираше комесарот за проширување на ЕУ во заминување, Јоханес Хан.
#NorthMacedonia and #Albania have delivered – now it’s high time that #MemberStates deliver, too! Thank you to #EU leaders for making this strong stance for opening accession negotiations with both countries in October! https://t.co/Vl5RKcNFTs
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 6, 2019
На социјалната мрежа Твитер, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена вчера до земјите членки кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври. Осврнувајќи се на отвореното писмо, Хан потсетува дека агендата за дискутирање и прифаќање на започнувањето на преговорите се уште е во тек и во администрацијата на ЕУ.
Во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.
Тие потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври по ова прашање.Европските лидери на Твитер објавија дека веруваат оти е време за отворање на преговороите со двете земји.