14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Караванот на СДСМ денеска во посета на Гевгелија

Во периодот кој следува Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ги интензивира своите активности. Сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните. Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори, изјави Владислав Видимче, претседател на ОО СДСМ Гевгелија.

,,Избравме пат кој ни гарантира посветла иднина, се движиме на прав пат во вистинската насока. Се движиме по пат кој носи раст на платите, градежна офанзива и пари назад кај граѓаните. Се движиме на прав пат што значи слобода, правда, еднаквост и сигурност , се движиме на патот кон ЕУ и НАТО!СДСМ започна караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ на територијата на целата држава.

Веќе утре караванот ни доаѓа во нашата Гевгелија.Утре Гевгелија ќе биде домаќин на трибината на која учество ќе имаат генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Ајде сите заедно да продолжиме да чекориме на сигурниот, правиот пат, за да постигнеме уште повеќе за нашата земја”, изјави Видимче.

Спонзорирано: