10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Министерот Адеми и градоначалникот на Охрид на средби со УНЕСКО

Министерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, вчера во Париз, Франција, оствари работни средби со УНЕСКО за прогресот во зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

На средбите со директорката на Центарот за културно наследство, Метчилд Рослер, и со неколку амбасадори на земји-членки на Комитетот за светско наследство беше презентиран и поздравен напредокот остварен по одлуката во Баку во јули.

Во август, во координација помеѓу централната и локалната власт, во Охрид и Струга се донесоа одлуки за мораториум на градба и легализација на бесправно изградени објекти.

Планот за управување со наследството е финализиран. Истиот наскоро ќе биде отворен за јавна дебата, а ќе биде испратен на увид и до УНЕСКО. Владата во ребалансот на буџетот одвои 50 милиони за санација на колекторскиот систем, со план за дополнителни средства за 2020.

Во делот на соработката со Албанија, како една од препораките, неодамна на средбите во Тирана беше дефинирано и формирање на заедничка комисија за управување со Охридскиот регион.

До испораката на прогрес извештајот во февруари 2020, УНЕСКО очекува значаен прогрес во исполнување на препораките.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +