Семејна драма утрово завршила трагично во Кочани, дознава Сител.
Според неофицијални информации на Сител, по расправијата која настанала помеѓу сопружниците, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.
Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на Итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.
Од СВР Штип за Сител велат дека во тек се проверките и јавноста ќе ја информираат веднаш откако ќе имаат информации за случајот.