15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Десет правни и физички лица заработија кривична пријава за злосторничко здружување

СВР Куманово поднесе кривична пријава против десет правни и физички лица за „злосторничко здружување“.

Кривичната е поднесена против Е.И.(67) од село Слупчане, општина Липково, поради злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување и употреба на исправа со невистинита содржина. Понатаму, против ДПТУ „Хени компани“ ДООЕЛ – село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, перење пари и употреба на исправа со невистинита содржина. Кривична е поднесена и против В.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Ш.И.(31) од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, и против А.К. од Израел, АД „Алов Гевгелија“, М.С.(57) од Скопје, ДТННД „Твинс Петролеум“ село Негорци, гевгелиско, С.И.(28) од село Слупчане и ДТННДТУ „Пеак оил 2017“ – село Негорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Од МВР велат дека во текот на 2016, првопријавениот, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, заедно со трето, четврто, петто, шесто, седмо, осмо, деветто и десетопријавениот формирале група и спротивно на Законот за извршување, овозможиле земјиште изнајмено на 4 септември 2014 од второпријавеното правно лице за период од шест години, да премине во сопственост на осмо, односно десетопријавеното правно лице. Притоа, на 7 септември 2016, третопријавената, како извршител, за наведениот имот спровела постапка за извршување од доверителот Ж.Д. од Куманово во вредност од 2.456.000 денари, при што со незаконско спроведување на извршувањето овозможила наведениот имот да биде продаден на второпријавеното правно лице за 6.525.533 денари, кој е значително помал од реалната вредност на имотот. По ова, третопријавената, на второпријавеното правно лице му повратила 3.767.525 денари, додека останатиот износ од 2.237.475 денари го задржала за себе.

По поднесување на жалба за ваквото извршување, второпријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со осмопријавеното правно лице, како купувач, за 34.867.244 денари. Потоа, на 01.09.2017 осмопријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со десетопријавеното правно лице, како купувач, за 34.890.240 денари. На овој начин сопственикот го изгубил наведениот имот, а притоа бил оштетен и за неисплатената закупнина, со што му била нанесена штета од 37.166.171 денари, додека на доверителот Ж.Д. му била нанесена штета од 2.456.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +
КУЛТУРА

„Каде читаш?“ – изложба на постери од Наталија Лукомска

ДЕСК

На 25 септември во организација на КЦ 750 во паркот Авионче Аеродром во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Каде читаш?“ на Наталија Лукомска.

Постерите кои ќе бидат изложени на 25 и 26 септември (19-22 часот) и на духовит начин покажуваат дека нема лошо време и место за читање, се дел од кампањата на издавачката куќа „Бегемот“ за промоција на читањето и развивање на читателската култура во Македонија.

Наталија Лукомска (1981) е илустраторка и графичка дизајнерка. Се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери. Соработува со неколку македонски и полски издавачки куќи, работела на визуелна идентификација на фестивалот ArtArea Скопје, а изработувала илустрации и за KatowiceArt Jazz Festival. Моментално работи на илустрации за книга за деца.

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата.

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК