10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Каде читаш?“ – изложба на постери од Наталија Лукомска

На 25 септември во организација на КЦ 750 во паркот Авионче Аеродром во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Каде читаш?“ на Наталија Лукомска.

Постерите кои ќе бидат изложени на 25 и 26 септември (19-22 часот) и на духовит начин покажуваат дека нема лошо време и место за читање, се дел од кампањата на издавачката куќа „Бегемот“ за промоција на читањето и развивање на читателската култура во Македонија.

Наталија Лукомска (1981) е илустраторка и графичка дизајнерка. Се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери. Соработува со неколку македонски и полски издавачки куќи, работела на визуелна идентификација на фестивалот ArtArea Скопје, а изработувала илустрации и за KatowiceArt Jazz Festival. Моментално работи на илустрации за книга за деца.

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата.

Спонзорирано: