24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДОМ најави кривични пријави поради каменоломите во Лабуништа

„Каде е Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот, водите и почвата? Каде е санитарниот инспекторат да утврди какво е здравјето на децата и сите жители во таа прашлива бркотница? Што презедоа министерствата за економија и животна средина по жалбите и апелите од сите страни?, Има ли некој да ги чуе луѓето што бараат помош и спас од каменоломите во нивните дворови?“, прашува ДОМ.

Политичката партија ДОМ најави кривични пријави за загрозување на човековото здравје поради каменоломите во Лабуништа.

„Доколку институциите продолжат да се оглушуваат, ДОМ ќе поднесе кривични пријави за загрозување на човековото здравје против одговорните лица во нив“, велат од партијата.

ДОМ изрази поддршка за протестот на жителите од Лабуништа против каменоломите. Од партијата нагласуваат дека не се живее среде каменоломи, во бучава и прашина.