23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Тажна вест: По тешка болест почина Фернандо Риксен

Поранешниот фудбалер на Глазгов Ренџерс, Фернандо Риксен, почина денеска губејќи ја битката со тешката болест. Холанѓанецот во последните години од животот се бореше со амиотрофична латерална склероза, болест за која се уште не е пронајден лек. Лекарите пред шест години му ја дијагностицираа болеста давајќи му максимум 18 месеци живот, но Риксен успеваше во борбата, се до денеска.

Тој ја обелодени потресната приказна за последните години од животот преку неколку интервјуа, привлекувајќи огромно внимание со поканата на пријателите „Дојдете на 28 јуни, на последната вечер со мене“. Свесен дека наскоро ќе почине, тој на ваков начин ги покани своите пријатели на последна дружба, во последните месеци остана опкружен со најблиските членови на семејството, за денеска да биде објавена информацијата за неговата смрт.

„Со голема жалост информираме дека нашиот поранешен фудбалер Фернандо Риксен почина утрово, по долгата борба со тешката болест“ – објави Глазгов Ренџерс.