Полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, вчера во атарот на с.Горна Бањица, гостиварско ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.
Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција.