24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влошена здравствената состојба на Катица Јанева во „Шутка“ – секојдневно примала терапија

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Влошена е здравствената состојба на екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева објави ТВ21.

Ова го потврдува нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ 21

Фрчковска дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички и дека е под постојана терапија со лекови.

Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле. Фрчкоска додаде дека ќе бара укинување на притворот за Јанева и да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

Како што најави адвокатката Ирена Фрчкоска во ексклузивното интервју за ТВ21 можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО.