25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Раздвижено во Парламентот – во секој момент се очекува пристигнување на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Во 20 часот треба да започне лидерската средба на која премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски од ДПМНЕ ќе се обидат да ги испеглаат ставовите околу новиот закон за СЈО.

На лидерската средба се очекува да се отвори и идејата за предвремени избори.

Сепак главната точка ќе биде Законот за Јавно обвинителство според кој се очекува СЈО да се интегрира во ОЈО како посебен отсек, со посебни надлежности и моќ.

Премиерот Зоран Заев, претходно, порача дека парламентарни избори ќе има но не порано од октомври 2020 година, односно два месеца порано од редовните кои треба да се оддржат во декември 2020.