5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило излета кај Маврови Анови: 3 лица повредени

Три лица се повредени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Сообраќајната несреќа се случила изутрината околу 8 часот во близина на скудрињски мост. Од сé уште непознати причини, возачот на возилото „Пасат“ со албански регистерски ознаки изгубил контрола.

Покрај возачот А.Б. (32) албански државјанин, во болниците во Дебар и Гостивар пренесени и двајца сопатници 19-годишна девојка и 34-годишен маж.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК