6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кирацоски: Русковска да ги повика на распит сите политичари кои контактирале со Боки 13

Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно, оценува поранешниот Генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски.

,,Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.

Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.

Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем“-вели Кирацоски.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

ДЕСК

Во Тетово лишен од слобода возач од Швајцарија, управувал возило скоро двојно побрзо од дозволеното

ДЕСК

Предложен притвор за дилер на дрога во Битола

ДЕСК