3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се бараат решенија за недостигот на кадри во техничката струка

На денешната владина седница министрите ја разгледаа информацијата за запознавање со проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) и донесоа одлука да се формира работна група во која ќе членуваат повеќе министерства.

Оваа работна група ќе треба до 1 октомври да достави информација со конкретни предлози кои ќе се однесуваат за сите државни универзитети, како и за дефицитарните струки на пазарот на трудот.

Како што информираат од владината прес-служба, оваа заложба е резултат на средбата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за образование, Арбер Адеми, и заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, со претставници од сите технички факултети при УКИМ.

Во рамките на тој состанок биле разгледувани можности за надминување на недостигот од висок стручен кадар, за решенија за ниските плати на техничкиот кадар и за подобрување на условите за одржување на предметната настава со соодветна опременост на техничките лаборатории.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК