8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од договорени 4 локомотиви, „Железници“ добиле една – Владата наложи постапка

На денешната седница Владата ја разгледа информацијата за состојбата со набавката на локомотивите за потребите на „Железници на Република Северна Македонија“ со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорени 4 локомотиви, во рамките на заемот од Европската банка за обнова и развој.

Притоа, Владата ги задолжи органите на управување на „Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје“, да формираат интерна комисија која детално ќе ја разгледа и ќе ја прикаже состојбата од технички и правен аспект, со хронологија на настаните.

Комисијата треба да ангажира и правна помош од надворешно лице, со искуство во арбитражи, кое врз основа на целокупната документација ќе може да ѝ даде насока на Владата за правните можности со цел да се изготви акциски план и атратегија за понатамошно постапување за нереализираната набавка.