14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за гостиварец кај кого била најдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, Гостиварско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што соопшти МВР, осомничениот 24-годишен жител на Гостивар на 31 август набавил и држел 6,58 грама наркотична дрога марихуана. При извршен личен претрес од страна на овластени службени лица од Полициската станица Гостивар наркотичната дрога била пронајдена и одземена.

Ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, надлежниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.