До кога зборовите на Груевски ќе излегуваат на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ? Времето кога партиите кажуваа како да работи судството, а пресудите и процесите се диктираа во белиот дворец, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, соопшти СДСМ.
„Денес, колку и да е тоа неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, законите важат за сите еднакво, а секој што згрешил пред законот, одговора. Денес, со секојдневните измислени барања, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го закочи носењето на законот за Јавното обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи законот за Јавното обвинителство, кој е значаен за зајакнување на капацитетите на правната држава. Тоа е важно за правдата, за граѓаните, но и за забрзување на евроинтеграцискиот процес на државата.
Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе докажат дека се на спротивната страна на правдата, во одбрана на криминалот и против интересите на државата и граѓаните.
Надлежните институции мора да ги расчистат сите отворени истраги и да постапуваат по секоја индиција за можен сторен криминал. Секој за кој ќе се утврдуи дека посташувал незаконски, ќе одговара, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност, без разлика дали е тајкун близок до ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.