Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев по повод стартот на учебната година:
На сите ученици, а особено на првачињата, им посакувам да бидат љубопитни и успешни, бидејќи почнуваат една многу важна етапа во нивните животи.
Истражувајте го светот околу вас и радувајте се на секое ново знаење.
Ние ќе ја продолжиме грижата за образованието и за стандардот на наставниците.
Државата вложува во образовниот кадар и во децата, а тој влог ќе расте во иднина.
Овој септември, сите наставници ја започнуваат работата со повисоки плати. Бараме начини и за дополнително зголемување на платите, и затоа ги повикувам и наставниците, во интерес на учениците и нивната иднина, вредно и трпеливо да ги исполнуваат професионалните и образовните задачи.
Имаме заедничка одговорност да го подобруваме образованието.
https://www.facebook.com/66035312931/posts/10157775753992932/