Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(46) од Вевчани поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари.