24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена

Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и на странскиот пазар, информира владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение.

Оваа година, велат од СДСМ, откупната цена на краставицата во јули е зголемена 145,8 проценти, што ако се спореди со јуни 2013 кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена 240 проценти.

„Кај доматите откупната цена од минатата година е зголемена 85,5 отсто. Во споредба со јули 2015 година, цената на доматите е зголемена 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена зод 115 отсто во споредба со јули 2015 година.

Оваа година откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.

Тоа е зголемување од 67 отсто.

Откупната цена на сливите во јули оваа година е зголемена 18,8 отсто во споредба со минатата година.

31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата“, велат од СДСМ во соопштението.