Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов по скандалозниот и низок прес од ВМРО ДПМНЕ: Нема да ме исплашите

Фејсбук статус на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ како реакција на скандалозната, дрска и ниска прес конференција за дискредитација на младиот портпарол, веќе видена низ минатото за време на режимот на ВМРО ДПМНЕ:

– Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност.

Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ.

Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев:

Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде?

Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања, вели Костадинов.

Претходно ВМРО ДПМНЕ преку скандалозен прес ппрашаа „Дали Костадинов кажува лаги поради тоа што се плаши од содржините најдени во телефонот на осомничен во Рекет со неморална и срамна содржина?“

Можеби ќе ве интересира

СО 3,50 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВОЗЕЛ „МЕРЦЕДЕС“ НИЗ БИТОЛА – Полицијата приведе 30-годишен возач

ДЕСК

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК