Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за двајца прилепчани кај кои биле пронајдени 9.900 капсули „трамадол“

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против двајца прилепчани на возраст од 50 и 23 години кај кои биле пронајдени 9.900 капсули „трамадол“.

Како што информираат од МВР, на 15 август годинава по наредба на јавен обвинител бил извршен полициски претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата „Гостиварска“ и улицата „Тризла“.

Притоа биле пронајдени и одземени вкупно 9.900 капсули од лекот, кои прилепчаните ги набавувале во аптека од Велес.

Кривичните пријави портив нив се поднесени под сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.