22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каков кредибилитет остава новинар кој користи техники на лажни вести за да привлече читаност?

Фејсбук статус на Огнен Вангелов:

Кога Героски тврдеше дека има “докази ко врата” и тврдеше дека сведокот му ги предочил, секој ќе помисли дека лично разговарал со сведокот и видел барем дел од доказите. Сега тврди дека никогаш не разговарал лично со сведокот туку со некои негови соработници и никогаш не видел никаков доказ додека ја разоткривал аферата.

Како тогаш може да биде убеден во силината на доказите и дека е точно тоа што го велат соработниците и дека токму се работи за рекетирање, а не за поткуп?

И да го претстави сведокот како жртва само врз основа на информации добиени од негови пријатели, без никаков доказ?

Ако е точно дека е убеден во рекет тогаш добил соодветни докази, ако не добил докази тогаш не може да биде убеден. Тој добро знае дека со пристрасно прикажување на приказната ќе се формира одредена слика за аферата уште и пред да има судска завршница. Така не се прави сторија за корупциска афера, туку така евентуално се прави нарачана сторија кога авторот не прави ни минимален обид да истражи дополнително туку го пишува она што му се сервира. А на наивност не може да се вади искусен новинар, ако му биде тоа објаснувањето. Дека е толку наивен Героски тешко некој може да поверува.