Centar.mk
БИЗНИС

Над 200.000 луѓе од Балканот минатата година се иселиле во ЕУ

Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на „Евростат“.

Од Србија во земјите на ЕУ отишле 51.000 луѓе, но сепак најмногу иселеници има од Албанија – 62.000 и БиХ – 53.500, пренесува „Вјести“ од Подгорица.

Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, 24.300 од Северна Македонија и 3.000 од Црна Гора.

Од Северна Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија (11.500), а потоа следат Италија и Словенија.

Од Албанија најмногу луѓе се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10 000). Повеќето луѓе од БиХ одат во Германија (16.000), Словенија и Хрватска.

Од Србија минатата година најмногу луѓе заминале во Германија (16.000), по што следат Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници.

Од Косово повеќето луѓе заминале во Германија, скоро 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Италија.

Во однос на населението, највеќе иселувања има од Албанија, земја со население од околу 2,8 милиони, бидејќи ланските 62.000 заминувања чинат околу 2,2% од вкупното население.

Според статистиката, бројот на заминувања од нашата змја се на ниво од 2,1 процент од вкупното население, додека од Косово заминале два процента од граѓаните. БиХ лани ја напуштилe 1,5 проценти од населението, а Србија 1,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +