16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

И денеска температури до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени.

Во Скопје сончево и многу топло време, со температура до 39 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследена со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК