10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Еве зошто нема алтернатива на премиерот Зоран Заев

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ:

Нема засега алтернатива на Зоран Заев. Еве, ќе ви кажам и зошто.

Со сигурност знам дека Зоран Заев не е националист; со сигурност знам дека може во оваа земја да се биде Македонец по етничка линија, ама може да се биде Македонец и според “национално неприпаѓање”. Да се биде Македонец, не е прашање на стадо, туку е прашање на ангажман.

И дури и ако сакате, да се биде Македонец е работа на емоција. Да си ја сакаш земјата во сета своја различност, тоа ми се чини дека е “вистински Македонец”. Не во својата монолитност, туку да си ја сакаш земјата заради својата различност.

Со сигурност знам дека ова се заложбите и вредностите на Заев. И затоа, пријатели, за него денес нема алтернатива.

А таа лопужаната ќе оди во затвор. Не дали се виновни, не дали се жртви, туку одговорот на прашањето е следно: ќе одат во затвор затоа што не може нашите животи да бидат заробени и окупирани од нивниот сомнителен кеш. Не смеат нашите животи да се претворат во во јна заради нивниот капитал. И баста!

Спонзорирано: