23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Ќе се надоместат долговите за пензиско и инвалидско осигурување за вработените во „Еурокомпозит“

Се решава долгогодишниот проблем со фабриката „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, велат од СДСМ.

Партијата потсетува дека Владата го усвои и го достави до Собранието, Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп.

Со ова, велат од владејачката партија, се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на претпријатието кое е во државна сопственост.

„Во пракса, тоа значи дека ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените. Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд“, велат од СДСМ.