23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Граѓаните и полицијата достоинствено го чествуваа Илинден

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со видепорака го честиташе Илинден и неговото достоинствено чествување, за што им заблагодари на сите граѓани-учесници во празнувањето, како и на припадниците на македонската полиција кои, како што вели, се грижеа сите настани да поминат во најдобар ред.

– Денеска граѓаните на Македонија покажаа дека знаеме да прославуваме, обединето, честито и достоинствено. Денес го исполнивме аманетот на илинденците, аманетот којшто треба да го пренесеме на нашите идни генерации, да ја градиме нашата држава, држава на сите што живеат во Република Северна Македонија. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани коишто придонесоа за честито и достоинствено празнување на овој ден. Посебно сакам да се заблагодарам на припадниците на македонската полиција кои се грижеа да поминат сите настани во најдобар ред. Тие секогаш се на браникот на стабилноста и на безбедноста на граѓаните. Така продолжуваме напред кон просперитетна и европска Република Северна Македонија, рече Спасовски во видеоизјавата.