Centar.mk
СВЕТ

Најстариот претседател во светот освои нов мандат, осми по ред

Пол Бија (92), претседателот на Камерун и најстар лидер во светот, е повторно избран на функцијата откога освои 53,66 проценти од гласовите на претседателските избори.

Официјалните резултати беа објавени утрово од Уставниот совет, со што се потврдува осмиот мандат на Бија како шеф на државата, објави „Франција 24“.

Ривалот на Бија, поранешниот министер Иса Чирома Бакари, се најде на второто место со 35,2 проценти од гласовите.

Интересно е што Чирома прогласи победа против актуелниот претседател само два дена по изборите на 12 октомври, но официјалните резултати покажаа поинаков исход./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

C +

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

C +

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

C +