Илинденското востание е крик за обединување, а делбите не се патриотизам, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој по повод националниот празник Илинден се обрати од Мечкин камен.
„Сите ние Македонци, Албанци, Срби, Роми, Бошнаци, Турци и сите други, сметаме дека е патриотска должност да се помириме и обединиме, а Мечкин камен треба да биде камен темелник на заедништво и разбирање, не на поделби и каменување“, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека ќе продолжиме и во иднина да ја градима нашата земја како што ја граделе партизаните, партизанките, комитите и комитките.