Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВИДЕО: Паднаа во вода лажните вести на фејк-вмро порталите: Груевски ја испеа химната на Мечкин Камен во целост, со строфата за Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански

Оперскиот пејач Влатко Груевски ја испеа државната химна на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, непосредно пред обраќањето на премиерот Зоран Заев.

Со ова паднаа во вода лажните информации на вмро-медиумите кои ширеа лажни вести во врска со наводно бришење на делови од химната, а сето тоа беше спакувано во уште една неуспешна кампања на опозициските портали. Сето ова стана провидно по нападите врз Тамара кога на приватна забава во Американската амбасада ја испеа химната, но во скратена верзија, па потоа интернет порталите на опозицијата фабрикуваа серија вести со лажни настани и ликови за наводно кратење на химната и бришење на Гоце Делчев од неа, создавајќи една опасна теза пред македонската јавност обидувајќи се да направат нова поделба на патриоти и предавници – нешто што го живееше режимот на Груевски. Оваа фабрикација беше најостро беше демантирана од властите. Лажните вести не сопреа се’ до денес кога власта им зададе вистински шамар на фејкњуз медиумите, поддржани и финансирани од опозицијата, а најдобар доказ за тоа беше денешното гордо и достоинствено прославување на Илинден во Крушево без политички пораки кои шират поделби, туку со визионерски и државнички говор на македонскиот премиер Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +