Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Цивил“: Мицкоски денеска на средби со Орбан и Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во Будимпешта на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Можноста Никола Груевски да е дел од состанокот, не е исклучена, пишува „Цивил“.

„Подоцна, Мицкоски, секако ќе има и посебна средба со својот шеф, Груевски, кој го ужива азилот што му го подари Орбан, за да го спаси од правосилна пресуда за затворска казна. Мицкоски, очигледно, ги исцрпи сите можности за понатамошно, продлабочено блокирање на клучни закони, како што е законот за јавното обвинителство, евроатлантските интеграции, пописот и низа други процеси. Дополнително, високиот американски функционер Филип Рикер, ги засили повиците во кои се свири крај за политичките игри со македонската иднина“, посочуваат од „Цивил“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

ДЕСК

Филипче: Владата на Мицкоски нема волја нештo да направи, реформите се целосно блокирани

ДЕСК