Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ до бегалецот:Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца

Реакција на СДСМ:

Криминалецот во бегство, Никола Груевски во негов, препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура, далеку од своите сограѓани.

Дојди Груевски и соочи се со гневот на граѓаните.

Македонците и сите заедници од земјава расчистија со темните улици на Груевски, сега одиме напред по светли патишта. Таа светлина Груевски не може да ја почувствува скриен од својот народ.

Таа светлина е светлина на напредокот. Светлина на економски раст од 4.1 отсто, раст на платите и пензиите, намалување на невработеноста на историски најниски 17,8 отсто, на рекорден раст на странските инвестиции.

Од друга страна е темнината на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, темнина на криминал, корупција, отворени судски предмети за тешки кривични дела и правосилни затворски пресуди за неправдите и криминалите што ги правеа врз својот народ цели 11 години.

Во затворот кој го чека, Груевски ќе се соочи со казната за тоа што го газеше народот.

Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +