Премиерот, Зоран Заев, покажувајќи го својот мобилен телефон од собраниската говорница рече дека и тој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ за поврат на 15 отсто од данокот на додадена вредност. Заев рече дека проектот за сега е успешен и дека резултатите се одлични.
-Сите оние кои до сега избегнувале данокот на додадена вредност да го уплатат во државниот буџет сега им се стеснети можностите затоа што граѓаните се инспектори и се мотивирани. До сега се скенирани пет милиони сметки, 2.768.000.000 денари промет е скениран, 730.000 евра веќе се назад кај граѓаните, за 23 дена. Верувам дека сите ќе се вклучиме во проектот. Јас отворив апликација на Мој ДДВ, препорачувам пратениците да отворат, па дури и оние од опозицијата затоа што системот враќа еднакво на сите – рече Заев.